Германскиот фудбалер, Роберт Андрих (29) потпиша нов договор со Баер Леверкузен.
Продолжувањето на договорот го потврди германскиот шампион.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Поминувам низ најуспешниот период од кариерата и чувствувам дека тимот е гладен и по освоената титула минатата сезона. Навистина се радувам што ќе продолжиме заедно во наредните неколку години. Ќе дадам се од себе за своите соиграч и овој посебен клуб со фантастични навивачи“, изјави Андрих за клупскиот сајт.
Андрих одигра пет натпревар за Германија на Европското првенство летово, а во кариерата играше уште за Динамо Дрезден, Вехен Визбаден, Хајденхајм и Унион Берлин.
Во минатата сезона Баер покрај титулата во првенството го освои и германскиот куп.