Иван Перишиќ следната сезона нема да го носи дресот на Баерн, објави „Билд“.
Германците тврдат дека во Баерн не се задоволни од хрватскиот фудбалер и дека поради нема да ја активираат клазулата за откуп на неговиот договор.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
„Перишиќ вториот дел од сезоната ќе го искористи да се прикаже во најдобро светло за да си обезбеди трансфер на лето, бидејќи Баерн ќе го врати, а Интер нема намера да го задржи“, пишува „Билд“.
Баерн за едногодишна позајмица на 30 годишниот Перишиќ плати пет милиони евра и има опција да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната за 20 милиони евра. На почетокот на сезоната се шпекулираше дека ќе остане во Баерн, меѓутоа тоа изгледа нема да се случи.
Оваа сезона на 19 натпревари Перишиќ постигна четири гола и запиша шест асистенции.