Еден од легендарните германски фудбалери, Лотар Матеус го советуваше раководството на Баерн Минхен да го крилниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Кристијан Пулишиќ.
„Кога Баерн во еден момент ќе бара замена за Робен и Рибери, ќе мора во својот список да го стави и Пулишиќ. Сигурерн сум дека Баварците ќе ги пуштат рацете за овој фудбалер“, изјави Матеус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пулишиќ, кој може да игра на позиција лево и десно крило, игра фантастично во дресот на „милионерите“, а одлична игра покажа и против Баварците овој викенд.
Договорите на Роберн и Рибери со Баерн истекуваат на крајот на сезоната, Баварците веќе ја почнаа потргата за нивна замена, па најверојатно прво ќе „тропнат“ во својот омилен „супермаркет“.
19-годишниот Американец важи за еден од најголемите таленти во Европа, а неговиот договор со Бортмунд истекува во 2020 година. Проблем за Баварците може да биде фактот што во договорот на Пулишиќ нема откупна клаузула.
Баерн пред четири години им го „украде“ Марио Геце на „милионерите“, а само една година подоцна и Роберт Левандовски. „Распарчувањето“ на најголемиот ривал продолжи и минатото лето кога пристигна капитенот на Борусија, Матс Хумелс.
Дали Пулишиќ е следниот фудбалер на Борусија кој ќе се пресели во редовите на Баерн, останува да видиме…