Дома Трансфер зона Баерн ја одби и третата понуда од Барса за Левандовски

Баерн ја одби и третата понуда од Барса за Левандовски

Раководството на Баерн Минхен ја одбило и третата понуда на Барселона за Роберт Левандовски, пренесува „Билд“.

Најновата понуда на Каталонците за голгетерот изнесувала 40 милиони евра плус 5 милиони како бонуси, меѓутоа тоа не ги задоволи апетитите на Баварците. Од „Алијанц Арена“ се спремни да го пуштат Левандовски, но не запомалку оф 50 милиони евра.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Информациите се дека ова било последна понуда и засега Барселона нема намера да испраќа нова понуда за 33-годишниот голгетер.

Во меѓувреме медиумите тврдат дека Левандовски е спремен да ги бојкотира подготовките и така да изврши дополнителен притисок врз Баерн.

Како што е познато тој веќе има договор со Барселона и инсистира да се пресели на „Камп Ноу“ иако има уште една година од договорот со Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…