Францускиот интернационалец е во поодминати години, па веќе се шпекулира кој би можел да го наследи во Баварија.
Минхенски Баерн веќе некое време трага по крилен фудбалер кој би можел да го наследи Рибери , со оглед на тоа дека неговата кариера полека одминува, а во последно време е пропратена и со чести повреди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Додека Лотар Матје и препорача на управата на својот некогашен клуб да го земе младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, француските медиуми шпекулираат дека Рибери би можел да го наследи германскиот репрезентативец.
Имено, според пишувањата на „Франс Фудбал“ летово во редовите на Баерн би можел да пристигне некогашниот фудбалер на Шалке, Јулијан Дракслер.
На Рибери актуелниот договор му истекува на крајот од оваа сезона, па јасно е дека Баерн претходно ќе ја обезбеди неговата замена, а со оглед на тоа дека Дракслер е во втор план во ПСЖ, јасно е дека лесно би можел да го напушти „Паркот на принцовите“.
Баерн дефинитивно ќе има силна конкуренција во намерата да потпиша со Дракслер, со оглед на тоа дека бројни европски екипи стојат во ред за неговиот потпис.