Дома Фудбал Останато Баерн ја добил првата „корпа“

Баерн ја добил првата „корпа“

Баерн Минхен е во потрага по наследник на Нико Ковач откако хрватскиот стратег доби отказ.

Со оглед на репутацијата на Баерн се очекува некое големо тренерско име да седне на клупата, а во преден план се споменуваат Жозе Мурињо и Масимилијано Алегри.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Според информациите на италијанските медиуми Баерн вчера го контактирал Алегри, но одличниот стратег ја одбил понудата.

Алегри на крајот на минатата сезона го напушти Јувентус после пет години поминати на клупата на „старата дама“ и исто толку Скудета. Наводно Алегри им се заблагодарил на понудата со зборовите дека не сака да води тим до следното лето и има намера се уште да се одмара.

Како можни наследници на Ковач освен Алегри и Мурињо се споменуваат уште Ерик Тен Хаг, Покетино и Арсен Венгер.

Засега е сигурно дека Флик ќе го предводи Баерн во натпреварите против Олимпијакос во Лигата на шампионите и Борусија Дортмунд во првенството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…