Борусија Дортмунд оствари убедлива победа над Хановер со 5:1 во натпреварот од 19-тото коло во германската Бундес лига.
„Милионерите“ со денешната победа повторно отиде на плус девет во однос на Баерн кој има натпревар помалку (утре против Штудгарт).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес го срушија Хановер со три гола во второто полувреме, а единствениот погодок во првиот дел го постигна Хакими. Ројс, Геце, Гуереро и Витсел се погрижија за убедлива победа. Единствениот погодок за Хановер на овој натпревар го постигна Бакалорз во 87-та минута.
Баер Леверкузен со 3:0 го победи Волфсбург и се врати во игра за Европа, а стрелци на овој натпревар за „Аптекарите“ беа Хаврт (од пенал), Воланд и Брендт.
Голеада видовме и во натпреварот помеѓу Фрајбург и Хофенхајм кој заврши со 2:4, Менхенглдабах со 2:0 беше подобар од Аугусбург, додека Мајнц со 2:1 славеше против Нирмберг.