Дома Топ вести Баерн спреми изненадувачка понуда за Де Јонг

Баерн спреми изненадувачка понуда за Де Јонг

Баерн Минхен сериозно се вклучи во трката за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пренесуваат германските медиуми.

Барселона поради финансиски проблеми во текот на целото лето се обидува да го продаде 24-годишниот плејмејкер ова лето доколку пристигне понуда од 80 милиони евра.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Откако Манчестер Јунајтед и Челзи не успеаја во обидите да го ангажираат Холанѓанецот, Баварците сега подготвуваат изненадувачка понуда за него.

Имено, Баерн е спремен да плати сериозна сума за едногодишна позајмица на Де Јонг со право на откуп. Притоа, Баварците се спремни да му ја дадат целата сума за плата која треба да му ја даде Барселона на играчот оваа сезона.

Голема е веројатноста Барселона да се согласи на таков договор, бидејќи тоа би ослободило доволно финансии за клубот да го регистрира Жил Кунде и да донесе уште едно засилување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…