Дома Трансфер зона Баерн се договори со ѕвездата на Ајакс

Баерн се договори со ѕвездата на Ајакс

Само неколку часа откако се договори со Ливерпул за продажба на Алкантара, раководството на Баерн договори ново засилување.

Станува збор за 19-годишниот десен бек на Ајакс, Сержињо Дест. Баварците постигнаа комплетен договор со фудбалерот за 5-годишна соработка.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Сега претсоит потешкиот дел, двата клуба да ја договорат трансферната сума. Според информациите Ајакс бара 30 милиони евра за слободата на играчот, а Баварците сметаат дека таа сума е висока.

Германскиот клуб првично понуди 10 милиони евра, но понудата експресно беше одбиена, а се претпоставува дека двата клуба ќе „пуштат рака“ за 20 милиони евра.

Дест е роден во Холандија, но неговиот татко е Американец, па фудбалерот избра да го носи дресот на репрезентацијата на САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…