Дома Видео Фудбалерот кој Барселона го испраќа на позајмици доби глупав црвен картон 🎥

Фудбалерот кој Барселона го испраќа на позајмици доби глупав црвен картон 🎥

Сержињо Дест кого Барселона и оваа сезона го испрати на позајмица, минатата во Милан, а сега во ПСВ, се најде на критики и од неговите соиграчи во репрезентацијата на САД поради глупавиот црвен картон против Тринидад и Тобаго.

САД во натпреварот влезе со предност од 3:0 од првиот дуел, па така не се очекуваше да има проблеми. При водство од 1:0 Дест го загуби трпение при една банална ситуација, затоа што судиите заклучија дека топката е во аут, а тој сметаше дека успеал да ја спаси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Без никаква потреба тој ја шутна топката кон трибините, па влезе во расправија со судијата, на крајот му испрати и бакнеж, па заслужено му беше покажан патот кон соблекувалната.

Таковото однесување на Дест ги налути и неговите соиграчи, Дест ја сфати грешката и по натпреварот се извини преку социјалните мрежи. Во моментот на неговото исклучување САД водеше со 1:0 за на крај да загуби со 1:2. Сепак тој пораз беше безболен за Американците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Урнебесно: Карагер пијан го интервјуираше Санчо 🎥

Фудбалерите на Борусија Дортмунд синоќа на домашен терен на „Сигнал Идуна Парк“ го совлада…