Aмериканскиот дефанзивец Сержињо Дест наредната сезона ќе игра во ПСВ како позајмен фудбалер оод Барселона.
Холандскиот клуб има опција да го откупи договорот на 23-годишниот фудбалер откако позајмицата ќе се заврши.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Барселона и во претходната сезона го испрати Дест на позајмица и тоа во екипата на Милан каде што собра само седум настапи.
За Дест ова е враќање во Холандија каде што претходно го носеше дресот на Ајакс. Ако ПСВ сака да го откупи договорот ќе треба на Барселона да и исплати сума од десет милиони евра.
Sergiño is red white! 😏 pic.twitter.com/PwDEq4DHtp
— PSV (@PSV) August 21, 2023