Десниот бек на Барелона, Сержињо Дест би можел на лето да се пресели во Баерн Минхен, пренесуваат шпанските медиуми.
Дест кај Роналд Куман беше стандарден, додека кај Чави не добива шанса, бидејќи не е задоволен од неговата игра во дефанзива и веќе му ја отворил излезната врата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таквата ситуација сака да ја искористи Баерн Минхен, кој покажува сериозен интерес за Холанѓанецот веќе подолго време.
Баварците стапиле во контакт со неговиот агент и сакаат да го донесат на лето, а нема да имаат проблем да платат 15 милиони евра, колку што бара Барселона.
Барселона веќе најде замена и започна преговори за ангажман на Мазрауи од Ајакс.