Кингсли Коман беше на излезна врата од Баерн Минхен, но сепак клубот потврди дека Французинот останува на „Алијанц Арена“.
Клубот од Минхен прифатил понуда од Саудиска Арабија, но фудбалерот на крајот одлучил да остане.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Коман се надеваше на трансфер во некој европски гигант, но немаше понуди, па на крајот одби да се пресели во Саудиска Арабија.
„Кингсли ќе продолжи да биде дел од Баерн“, изјави директорот Макс Еберл.
Коман е надвор од стартниот тим од почетокот на сезоната, но Компани е спремен да му даде шанса во продолжение на сезоната.