Како што пренесуваат германските медиуми предводени од „Билд“, Баерн Минхен го договорил првото засилување за следната сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Станува збор за играчот од средниот ред Конрад Лајмер кој наводно веќе потпишал договор со германскиот гигант.
25-годишниот Австриец се обврзал на договор со Баерн до 2027 година, а од Лајпциг доаѓа како слободен играч бидејќи му истекува договорот.
И Нагелсман претходно покажуваше интерес за Лајмер, а тој интерес продолжил и со доаѓањето на Тухел на клупата.