Дома Топ вести Баерн не запира: Баварците спремија 120 милиони за ѕвездата на Реал!

Баерн не запира: Баварците спремија 120 милиони за ѕвездата на Реал!

Реал Мадрид на лето спрема реконструкција на тимот, па сигурно ќе има големо промени на „Сантиаго Бернабеу“.

Шпанските медиуми најавуваат пристигнување на големи ѕвезди ова лето, но сигурно некои од актуелните ѕвезди ќе ги спакуваат куферите.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Еден од оние кои не е задоволен од својот статус во тимот оваа сезона и кои размисуваат за заминување е сигурно и талентираниот Марко Асенсио.

Шпански „Дон Балон“, тврди дека Баерн Минхен подготвил понуда вредна 120 милиони евра за да го донесе Асенсио во своите редови.

Адутот на Баварците би можело да биде и незадоволството на офанзивецот поради скромната минутажа кај Сантијаго Солари, иако Зинедин Зидан го промовираше и му пружи прилика која репрезентативецот на Шпанија знаеше да ја искористи.

Баерн бара замена за Рибери и Робен, а 23-годишниот фудбалер се вклопува во посакуваниот профил бидејќи може да игра на практично сите офанзивни позиции во редот за врска.

Баерн е многу активен на трансфер пазарот и веќе ги договори трансферите на Бенџамин Павар од Штутгарт и Лукас Хернандес од Атлетико Мадрид, а германските медиуми тврдат дека пред реализација е и трансферот на Тимо Вернер од Лајпциг.

Сепак, германскиот гигант нема лесно да дојде до потписот на Шпанецот и треба да се избори со жестоката конкуренција. Имено, за потписот на Асенсио силен интерес покажуваат уште ПСЖ, Ливерпул, Манчестер Сити и Челзи, па управата на Баерн ќе мора да реагира што е можно побрзо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Постигнат договор: Пиоли има нов клуб

Според последните информации, Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Ал Итихад со кого се дог…