Дома Фудбал Германија Баерн направи потег со кој потврди дека спрема голем трансфер!

Баерн направи потег со кој потврди дека спрема голем трансфер!

Навивачите на Баерн и понатаму чекаат големо засилување, а тренерот Нико Ковач најави дека е оптимист дека наскоро ќе пристигне посакуваното засилување.

На „Алијанц Арена“ ова лето простигнаа Лука Хернандез, Павард и младиот Арп, но сите очекуваат голема ѕвезда во нападот, кој ќе биде наследник на Робен и Рибери.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Прва и најголема желба е Лерој Сане, а медиумите тврдат дека преговорите се во напредна фаза. Манчестер Сити и понатаму бара 100 милиони евра, но германските медиуми тврдат дека трансферот ќе се реализира во наредните денови.

Сане не е задоволен од својот статус на „Етихад“ и сака поголема минутажа, па е спремен да ја прифати понудата на Баварците.

Баерн денес направи потег со кој потвди дека очекува ново засилување. Имено, Баварците го откажаа најавеното сликање за новата сезона, а причината е позната – Лерој Сане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Meси во Индија доби подарок вреден милион евра, ваква примероци има само 12 во светот

Лионел Меси (38) за време на својата турнеја во Индија доби невообичаено вреден часовник о…