Дома Фудбал Германија Баерн назначи привремен тренер, Румениге го образложи отказот на Ковач!

Баерн назначи привремен тренер, Румениге го образложи отказот на Ковач!

Откако синоќа Нико Ковач доби отказ од кормилото на Баерн Минхен, денес раководството на баварскиот гигант назначи привремен тренер.

Од денес тимот времено ќе го води асистентот на Ковач, Ханзи Флик, потврдија од клубот. Тој ќе ја извршува таа функција до назначувањето на нов тренер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поради големиот притисок беше откажан денешниот тренинг за да можат фудбалерите повеќе време да поминат со семејствата и да се одморат психички.

Така Флик првиот тренинг ќе го одработи утре, а веќе во среда ќе го предводи тимот против Олимпијакос во Лигата на шампиони. Најверојатно тој ќе биде на клупата и викендов во големото дерби против Борусија Дортмунд.

„Настапите на тимот во изминативе неколку недели и резултатите ни покажаа дека е неопходно и задолжително да се дејствува. Ули Хоенас, Хасан Салихамиџиќ и јас имавме состанок, па дури и го повикавме тренерот Нико Ковач каде зборувавме отворено и се одлучивме да не продолжиме заедно. Би сакал да му се заблагодарам на Никон во име на Баерн за работата што ја направи, особено за двата трофеја освоени минатата сезона“, изјави Румениге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…