Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Баерн Минхен, пишуваат германските медиуми.
Виртц може да игра во средниот ред, но и како крилен напаѓач и е еден од најбараните германски фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баварците сакаат да ја градат иднината околу Виртц и уште еден 20-годишен Џамал Мусиала, кој во Минхен пристигна во 2019 година од Челзи.
Младиот плејмејкер има долгорочен договор во Леверкузен и најверојатно ќе чини цело богатство, но Баерн нема да жали пари за да го доведе во Минхен.
Доколку клубот од Минхен одлучи да го донесе Вирц, Баер ќе бара 120 милиони евра со што би бил најскап трансфер во историјата на германскиот фудбал.