Дома Фудбал Баерн Минхен победи со 14-1 во дебито на Винсент Компани

Баерн Минхен победи со 14-1 во дебито на Винсент Компани

Баерн Минхен имаше повеќе од одличен почеток на својата кампања со победа од 14-1 на Ротах-Егерн. Баварците овојпат го „поштедија“ противникот, на кого во последните три контроли му дадоа дури 72 гола.

Германскиот клуб водеше со 4:0 до 27. минута, откако Аден Личина и Матис Тел постигнаа по два гола. Една минута подоцна, Тобијас Шлихтнер реализира гол за Ротах-Егерн. До крајот на првиот дел Нусаис Мазрауи, Матис Тел и Рафаел Гереиро додадоа по еден гол за 7:1.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Во вториот дел новиот тренер на Баерн, Винсент Компани го смени целиот состав и Баварците постигнаа уште седум гола. Аријон Ибрахимовиќ погоди за 8:1, Нестор Иранкунда додаде два гола, по што следеа головите на Саша Боје, Мудасер Садат, Асп Јенсен и Ноел Асеко.

Следниот тест на Баерн е против уште еден аматерски германски тим, Дирен, на 28 јули (недела). Баварците ќе одиграат и два натпревари против Тотенхем – првиот во Сеул, а вториот во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…