Дома Трансфер зона Баерн Минхен нема да преговара – одредена цената на Левандовски

Баерн Минхен нема да преговара – одредена цената на Левандовски

Во изминатиот период има многу гласини поврзани со иднината на првиот напаѓач на Баерн Минхен, Роберт Левандовски.

Како главен фаворит за доведување на Левандовски важи екипата на Барселона, меѓутоа од Баерн неодамна порачаа дека тие сметаат на полскиот голгетер и наредната сезона. Договорот на Левандовски е до летото 2023 година, па така секој клуб кој ќе сака да го доведе ќе мора да се договори и со Баерн.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Денес „Кикер“ пренесува информација дека Левандовски побарал да му биде дозволено да се пресели во нова средина, а според информациите Баерн ќе му ја исполни желбата, но само доколку некој клуб понуди 40 милиони евра.

Информациите на германскиот медиум се дека клубот нема да прифаќа никакви замени или намалување на цената.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кварацхелија се договори со ПСЖ

Квича Кварацхелија ова лето готово сигурно ќе го напушти Наполи, а според последните …