Дома Трансфер зона Баерн Минхен го „блиндираше“ својот архитект!

Баерн Минхен го „блиндираше“ својот архитект!

Баерн Минхен официјално потврди дека Тиаго Алкантара стави потпис на нов договор и се обврза на верност кон Баварците до 2021 година.

Со ова Алкантара стави крај на сите шпекулации дека може да ја напушти „Алијанц Арената“ на крајот на сезоната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во 2013 година Баерн го купи Тиаго од Барселона за 25 милиони евра, со што ја искористија клаузулата во неговиот договор. Од тогаш Шпанецот е незаменлив дел од тимот и вистински архитект на играта на Баварците.

„Јас и мојата фамилија сме многу среќни во Минхен. Се се одвива добро тука, и во иднина сакам да освојувам уште многу трофеи со Баерн“, изјави Алкантара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…