Фантастичните партии на Душан Тадиќ оваа сезона во дресот на Ајакс не останаа незабележани, па германските медиуми пренесуваат дека силен интерес за неговиот потпис покажуваат Баерн Минхен и Валенсија.
30-годишниот српски репрезентативец ја игра најдобрата сезона во кариерата и до сега има постигнато 25 гола и 13 асистенции во 38 меча за Ајакс во сите натпреварувања.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Офанзивниот фудбалер минатото лето пристигна во Амстердам од за сума од 11,5 милиони евра, откако претходно четири години помина во Премиер лигата во дресот на Саутемптон.
Тадиќ е поливалентен фудбалер, може да игра на сите позиции во нападот, па дури и како централен напаѓач, што се случи неколку пати сезонава.
Токму поради тоа тој е на радарот на европски гиганти како Баерн Минхен и Валенсија кои на лето ќе се борат за неговиот потпис.
Bayern and Valencia are interested in Ajax forward Dušan Tadić (30). Tadić has scored 24 goals this season and can play on the wing or as a number 9 like he did in big games against Bayern and Real Madrid [@Estadio_ED] pic.twitter.com/PhYyWaNEQ7
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) February 25, 2019
https://youtu.be/I9VMMp37uck