Младата ѕвезда на Баер Леверкузен, Каи Хаверц веќе го привлече вниманието на многу европски гиганти кои ја започнаа битката за неговиот потпис.
Станува збор за еден од најголемите таленти во Европа, кој блеска во дресот на Баер Леверкузен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
20-годишниот талент е продукт на школата на Баер Леверкузен и веќе две сезони блеска во Бундеслигата. Хаверц минатата сезона стана најмладиот играч кој запишал 50 настапин во Бундеслигата.
„Фармацевтите“ сигурно нема лесно да се откажат од него, а неговата цена секојдневно расте. Според информации на германските медиуми Леверкузен бара 80 милиони фунти за неговиот потпис.
Гигантите веќе ја започнаа битката за неговиот потпис, а Баерн Минхен не сака да дозволи Германецот да замине од Бундеслигата и да се пресели во Бундеслигата.
Баварците веќе стапиле во контакт со неговиот агент и му понудиле 8 милиони евра по сезона.