Дома Фудбал Лига на шампиони Баварците нудат решение за проблемот Кавани-Нејмар: Баерн потсети како кај нив се решаваат ваквите проблеми (Видео)

Баварците нудат решение за проблемот Кавани-Нејмар: Баерн потсети како кај нив се решаваат ваквите проблеми (Видео)

Вечерва Баварците ќе одиграат против ПСЖ, меч во рамки на второто коло од Лигата на шампионите, а Германците покажаа како се решаваат проблемите на мирен начин.

Судирот помеѓу Кавани и Нејмар е тема број 1 во фудбалскиот свет, всушност стана јасно што се случува во соблекувалната и како парите можат да пореметат многу работи.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Баерн за таа цел успеа да го објасни ова несогласување на неколку начини.

Робен вели дека парите не постигнуваат погодоци, а потоа клубот практично демонстираше како таквите работи се одлучуваат во Баварија.

Актери на ваквата слична ситуација пред неколку години беа Тони Крос и Франк Рибери. Крос беше дете, Рибери ѕвезда која многу повеќе заработуваше, но респектот постоеше.

Лист, камен, ножички, и пеналот му припадна на Французинот.

Погледнете и потсетете се во продолжение како изгледаше тоа:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Кој е еден од најголемите „симулатори“ во македонскиот фудбал? Ако влегува во шеснаесетникот – влегувај со него!

Дејан Јакимовски беше гостин во „Уште еден подкаст“ каде што најмногу зборуваше за ВАР сис…