Дома Трансфер зона Баварците купија уште еден тинејџер од Америка

Баварците купија уште еден тинејџер од Америка

Баерн Минхен донесе уште еден талент од Северна Америка, а станува збор за Тејлор Бут, кој ќе и се приклучи на академијата на клубот.

Тејлор е играч за врска кој што настапува во Солт Лејк Сити и потпиша договор со Баварците на три и пол години.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Се очекува играчот најпрво да игра со тимот на Баерн до 19 години, а потоа да биде префрлен во првиот тим.

„Видовме голем потенцијал во Тејлор. Играч кој наскоро може да се развие и да стигне до првиот тим“, изјави директорот на Академијата на Баерн, Јохен Зауер.

Ова за Баерн е втор трансфер од МЛС лигата, откако претходно во Минхен пристигна кандското „чудо од дете“ Алфонсо Дејвис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…