На Јохан Кројф арената во Амстердам, Ајакс е домаќин на Челзи во еден од најинтересните натпревари во Лигата на Шампиони во среда. Ќе биде ова неизвесен меч, во кои домаќинот оправдано е фаворит за победа. Но освен неизвесност, би требало да следиме отворена игра и голови на двете страни.
Ајакс продолжи онаму каде што застана минатата сезона
И покрај загубата на клучните играчи во летниот преоден рок, Ајакс продолжи во ист стил како и минатата сезона. Освои 26 од можните 30 бода во домашната лига и очекувано е на врвот на табелата. Освен тоа екипата и оваа сезона ужива во уште подобри резултати во Европа, со две победи од по 3:0 досега. Оној домашен меч против Лил беше импресивен, но истиот резултат на гостувањето кај Валенсија сугерира дека полуфиналето во Лигата на Шампиони минатата сезона не беше случајност.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Напаѓачот Квинси Промес може да стане само четвртиот холандски играч на Ајакс кој постигнал гол на четири последователни натпревари во Европа. Зачудувачки, Клас-Јан Хунтелар и покрај своите 36 години се уште постигнува голови како во своите најдобри денови. Сепак, тој веројатно на овој меч ќе ја чека својата шанса од клупата за резерви.
Значи нападот функционира одлично, а со тоа што одбраната досега не прими гол на двата меча, ниту таа не е полоша од нападот. Се на се, уште од сега е јасно дека Ајакс и сезонава има тим кој е кадарен за високи дострели.
Тимот на Лампарт забележува напредок
Работите сега изгледаат многу подобри за Френк Лампард. Победата од 1:2 над Лил во Франција значи дека тие се вратија во игра по поразот во првото коло на домашен терен од Валенсија со 0:1.
Лампарт ја промени филозофијата во Челзи и игра напаѓачки фудбал, но тоа пак создаде пробем во одбраната. Сепак, онаму каде што тие навистина се подобрија во последно време е токму одбрана. Тие примија четири голови на последните пет натпревари, со што го подобрија просекот откако ја стартуваа сезоната со еден куп голови и во противничката, но и во својата мрежа.
Политиката на Лампард за форсирање на младинци продолжува да плаќа дивиденди со дефанзивецот Фијако Томори, но затоа пак Мејсон Монт и Тами Абрахам веќе се промовираа во важни играчи за екипата.
Ќе има голови, но кои ќе бидат стрелци !?
И покрај она што го кажавме за подобрување на одбраната на Челси, тие и понатаму примаат голови на речиси секој дуел.
Имајќи предвид дека постигнале 16 голови на последните пет натпревари ( повеќето од нив во победата од 7:1 над Гримбзи ), веројатно е дека треба да постигнат барем еден гол во Холандија. Но кој ќе биде стрелец на голот?
Тами Аврахам е можеби добар предлог. Тој постигна девет гола на 13 настапи досега и затоа според букмејкерите е фаворит за да постигне гол за Челзи. Коефициентот за тоа е 2.20 па јас мислам дека е дефинитивно неисплатлив. Но затоа добар е коефициентот за Мејсон Моунт и тоа 3.40. Искрено, не се големи шансите тој да постигне гол, но барем коефициентот ќе се исплати.
Што се однесува до играчите на Ајакс, двајца фудбалери се одвојуваат пред другите кога во прашање се головите, Душан Тадиќ и Промес. Тадич досега има шест голови во лигата и уште два во плеј-офот во Лигата на шампионите, иако сеуште го чека својот прв гол во групната фаза. Тој постигна навистина неверојатни 36 голови во сите натпреварувања минатата сезона за клубот и за својата земја, па можеби затоа коефициентот за него е само 2.20.
Поголем коефицињент од него има Промес, а тој не е со помали шанси од Тадич според мене. И Промест има шест голови во лигата и уште два, но во групната фаза од Лигата на Шампиони. Беше стрелец и на натпреварот минатиот викенд во домашниот шампионат, што значи дека се наоѓа во добра форма. Коефициентот е 3.10 и јас мислам дека е вреден за да се одигра на Промес.
Наш предлог:
Победа на Ајакс @ 2.37 во Bet365
Двете екипи да постигнат гол @ 1.50 во Bet365
Квинси Промес да постигне гол @ 3.10 во Bet365