Дома Фудбал Италија Ачерби ослободен од обвиненијата за расизам

Ачерби ослободен од обвиненијата за расизам

Дефанзивецот на Интер, Франческо Ачерби, е прогласен за невин од Спортскиот Суд во Серија А во истрагата против него.

Ачерби беше обвинет дека употребил расна навреда против дефанзивецот на Наполи, Хуан Жесус за време на ремито 1-1 во последното коло од италијанската елита.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


 Фудбалерот беше ослободен поради недостиг на докази, затоа што против него немаше ништо освен сведочењето на Бразилецот.

Ачерби нема да биде дисквалификуван и ќе може да игра на 1 април во составот на Интер против Емполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА во проблеми, Американците немаат интерес за својата репрезентација на Мундијалот?!

Продажбата на билети за отворањето на Светското првенство во кое учествува репрезентацијат…