Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио потцрта дека тимот се справува одлично со огла на фактот дека во летото загуби неколку важни фудбалери.




За потсетување, тренерот Антонио Конте го напушти шампионот, Хакими и Лукаку беа продадени поради финансиски проблеми, а Ериксен мораше да прекине да игра фудбал поради здравствени проблеми.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Никогаш не се предадовме. Загубата на неколку важни луѓе изгледаше како огромна планина која требаше да ја искачиме. Меѓутоа, убавото во фудбалот е што веднаш добиваш нова можност. Ги загубивме Конте, Ериксен, Хакими и Лукаку, тоа можеше да го убие секој клуб, но не и Интер“, изјави Аусилио.