Дома Трансфер зона Атлетико ќе плати 126 милиони евра, а еве колку ќе изнесува откупната клазула на Жоао Феликс

Атлетико ќе плати 126 милиони евра, а еве колку ќе изнесува откупната клазула на Жоао Феликс

Прашање на време е само кога Жоао Феликс ќе стане играч на Атлетико Мадрид.

Бенфика објави дека клубот добил понуда вредна 126 милиони евра, шест повеќе од клазулата во договорот на Феликс.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако минатата сезона беше прва во кариерата на Феликс тој играше на високо ниво и имаше учинок од 20 голови и 11 асистенции во сите натпреварувања. Тоа изгледа е доволно за да стане рекорден трансфер на Бенфика.

„Дејли Мејл“ сега открива и детали од договорот на Феликс со Атлетико.

19 годишниот фудбалер со „јорганџиите“ ќе потпише договор на пет години според кој годишно ќе заработува нешто повеќе од три милиони евра.

Освен тоа овој медиум ја открива и откупната клазула во неговиот договор, а таа ќе изнесува 250 милиони евра. Ова значи дека ако Феликс во Атлетико продолжи да игра со формата од

Бенфика клубот ќе го пушти да замине само за сума која е над светскиот рекорд (222 милиони евра).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…