Антоан Гризман денеска стана нов фудбалер на Барселона.
Шпанскиот првак објави дека го комплетирале трансферот на напаѓачот на Атлетико, а беше објавено откако адвокатите на играчот уплатиле 120 милиони евра во седиштето на Ла Лига.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, раководството на Атлетико Мадрид одлучи да ги бара своите права и се убедени дека Барса на нивната сметка морала да уплати повеќе пари.
Според нивните тврдења договорот бил постигнат пред да падне неговата клазула на 120 милиони евра и сметаа дека Барса треба да плати 200 милиони евра.
„Сумата која е уплатена не е доволна да се плати неговата клазула. Очигледно е дека договорот помеѓу клубот и Барселона е постигнат пред да падне откупната клазула од 200 милиони евра на 120 милиони. Атлетико Мадрид смета дека договорот е прекршен, па клубот одлучи да покрене процедура за заштита на интереси.“ – пишува во соопштението на Атлетико, и продолжува:
„Атлетико е разочаран од однесувањето на Барселона, но и играчот. Посебно разочарувањето се однесува на Барселона, која му пристапи на фудбалерот во моментите додека нашиот клуб играше важни натпревари, не само во ЛШ против Јувентус, туку и во лигата пред натпреварот против нивниот тим.“
Останува да видиме што ќе се случува понатаму во овој случај, но очигледно е дека тимот од Мадрид нема лесно да се помири со заминувањето на Гриман во редовите на големиот ривал.