Англиските медиуми пишуваат дека доколку Диего Пабло Симеоне замине од Атлетико Мадрид можна замена ќе биде неговиот сонародник, актуелен менаџер на Тотенхем, Маурисо Покетино.
Диего Симеоне во летниот преоден рок беше цел на Интер, а изминатите недели се засилија шпекулациите дека тој по завршувањето на сезоната ќе го напушти Атлетико и ќе се пресели во Интер.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Симеоне од 2011 година го предводи Атлетико, со тимот два пати играше финале во Лигата на шампионите, а освои титули во Примера, Купот на Кралот, Лига Европа, Суперкупот на Европа и Суперкупот на Шпанија.
Покетино ова лето го продолжи договорот со Тотенхем до 2021 година.