Дома Трансфер зона Атлетико Мадрид не се откажува од Хамес Родригез

Атлетико Мадрид не се откажува од Хамес Родригез

Хамес Родригез е на излезна врата од Реал Мадрид и неколку европски гиганти се борат за неговиот потпис.

Колумбиецот помина две сезони во Минхен, но Баварците не сакаа да го откупат неговиот договор, па се врати во Реал каде не добива голема минутажа.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Хамес се поврзува со клубови од Премиер лигата и Серија А, но Атлетико Мадрид не се откажува од намерата да го донесе во своите редови.

Реал е спремен да го продаде на градскиот ривал, но само доколку пристигне понуда од 40 милиони евра.

„Јорганџиите“ веќе започнаа преговори со неговиот агент Жорге Мендеш и Колумбиецот е прва желба на тренерот Диего Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…