Дома Трансфер зона Атлетико Мадрид завршува одлично засилување

Атлетико Мадрид завршува одлично засилување

Мадридски Атлетико оваа сезона е главен фаворит за титулата во шпанска Ла Лига.

Тимот на Диего Симеоне игра фантастично. Први се на табелата со два натпревари помалку од конкуренцијата, а во остатокот од сезона ќе влезат уште посилни.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Нов играч на шпанскиот великан наскоро треба да биде напаѓачот на Лион, Муса Дембеле. Преговорите за негов трансфер се блиску до реализација и се треба да завршено многу брзо.

Дембеле во Атлетико ќе дојде на позајмица до крајот на сезоната, а Јорганџиите ќе имаат опција за откуп на неговиот договор по крајот на сезоната.

Овој 24-годишен играч постигна еден погодок на 16 натпревари за Лион. Веројатно ќе ја има улогата на замена за Луис Суарез, а моментално поради повреда е надвор од терените до февруари.

Дембеле претходно играше за Фулам и Селтик, а член на Лион е од 2018. година и постигна 45 погодоци на 105 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Проектил“ на Петровиќ во победата на Брера над Арсими, Силекс лесно го доби Шкупи (Видео)

Во рамките на 25. коло од Првата македонска фудбалска лига, денеска се одиграа уште два на…