Дома Трансфер зона Атлетико и Интер се „тепаат“ за ѕвездата на Бока

Атлетико и Интер се „тепаат“ за ѕвездата на Бока

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне сака да ја доведе во своите редови ѕвездата на Бока Јуниорс, Наитан Нандез.

Симеоне бил импресиониран од квалитетите и борбеноста на Нандез за време на финалето против Ривер кое се играше во Мадрид.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Шпанските медиуми тврдат дека Атлетико го сака Нандез уште во јануари, но ќе треба да ја победи конкуренцијата, бидејќи Интер исто така покажува сериозен интерес за 23-годишниот Уругваец.

Нандез пристигна во Бока во 2017 година од Пењарол и веднаш се етаблираше во првиот тим. Договорот на играчот за врска истекува во 2020 година, а неговата откупна клаузула изнесува 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…