Дома Трансфер зона Атлетико договори напаѓач, ќе ја плати откупната клаузула

Атлетико договори напаѓач, ќе ја плати откупната клаузула

Приоритет на Атлетико Мадрид во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.

Шпанските медиуми пренесуваат дека прв на листата желби е напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Андре Силва.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Билд“ пренесува дека „јорганџиите“ го сакале Португалецот уште во зимскиот преоден рок, но Ајнтрахт не сакал да се откаже од својата ѕвезда.

На лето Португалецот во неговиот договор ќе има откупна клаузула од 30 милиони евра, сума која Атлетико е спремен да ја плати.

Андре Силва блеска оваа сезона во дресот на Ајнтрахт и веќе има постигнато 24 гола и 9 асистенции на 28 меча.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…