Дома Фудбал Останато Атлетико бесен на Арсенал поради Парти

Атлетико бесен на Арсенал поради Парти

Раководството на Атлетико Мадрид е револтирано од потегот кој го направи Арсенал со активирањето на откупната клаузула на Томас Парти.

„Јорганџиите“ се бесни бидејќи не биле информирани за намерата на Арсенал да ја плати откупната клаузула на играчот. „Топџиите“ ја внесле сумата од 50 милиони евра во канцеларијата на Шпанската фудбалска федерација и со тоа ги заобиколиле преговорите со самиот клуб.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Уште поголем револт создава фактот што сумата била депонирана само 32 минути пред затворање на трансфер пазарот.

Утеха за „јорганџиите“ е што го добија Лукас Тореира на позајмица, а Федерацијата им дозволи и уште еден трансфер во следните 30 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Италијанските новинари воодушевени од Модриќ: Ако навистина има 40 години, да го клонираме!

Лука Модриќ (40) блескаше против Болоња во третото коло од Серија А. Тој постигна гол за 1…