Дома Фудбал Лига на шампиони Аталанта на своја страна против ПСЖ ја има традицијата!

Аталанта на своја страна против ПСЖ ја има традицијата!

Ждребот во Нион денес сакаше Аталанта во четвртфиналето од Лигата на шампионите да игра против ПСЖ.

На прв поглед ова изгледа како поволен ждреб за клубот од Париз, но Аталанта не е наивен тим и сезонава го игра веројатно најдобриот фудбал во Италија каде што се третопласирани и тоа не е мала работа. Освен тоа во корист на Аталанта оди и традицијата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Имено, ПСЖ во Лигата на шампионите никогаш не победил италијански тим. Овој клуб ги изгуби двата натпревари во полуфиналето против Милан во 1995, а потоа во сезоната 2000/01 и 2018/19 ремизираше против Милан и Наполи во групните фази.

Освен тоа во прилог на ПСЖ не му оди тоа што првенството во Франција е завршено уште во март, додека Аталанта секоја надела игра натпревари во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Легенда на Реал Мадрид поради сериозни проблеми завршил во болница: Речиси бев мртов!

Легендарниот шпански напаѓач Фернандо Морјентес зборуваше за здравствениот проблем поради …