Клубот кој беше хит во минатата сезона во Серија А, Аталанта ќе доби одлично засилување.
Аталанта одигра фантастична сезона во која успеа да стигне до четвртата позиција и место во Лигата на шампионите, нешто што за прв му успева на овој клуб во историјата.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
За Лигата на шампионите ако им веруваме на италијанските медиуми ќе се засилат со искусен дефанзивец
Поранешниот играч на Ливерпул, Мартин Шкртел потпиша договор со клубот од Бергамо.
Шкртел веќе три сезони го носи дресот на Фенербахче, а претходно осум години играше за Ливерпул.
Во дресот на репрезентацијата на Словачка запиша 106 настапи.
Quanti retweet ? per il nostro nuovo #37? ?
How many retweets ? for our new #37? ?#WelcomeSkrtel #GoAtalantaGo ⚫️? #Atalanta3uropa ?? pic.twitter.com/iGzF0gt7q1— Atalanta B.C. (@Atalanta_BC) August 9, 2019