Фудбалерите на Аталанта вечерва на Олимпико го победија Лацио со 4:1 во натпревар од првото коло во Серија А.
Аталанта му одржа фудбалска лекција на Лацио и заслужено дојде до трите бода. Гостите дојдоа до водство во десетата минута кога мрежата на римскиот клуб ја затресе Госенс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гостите и вечерва демонстрираа дека се работи за добро воиграна екипа. Аталанта до вториот погодок стигна во 32. минута кога фантастично погоди Хатебур по асистенција на Госенс.
Само десет минути подоцна беше 0:3. Овој пат на сцена стапи Гомез кој прекрасно го матираше голманот на Лацио.
Римскиот клуб успеа да се врати во 57. минута и се чинеше дека имаат сили да се опорават од шокот. Домашниот тим намали на 1:3, но тоа вечерва беше се од нив.
Аталанта само четири минути подоцна го запечати натпреварот со спектакуларниот погодок на Гомез кој ги постави конечните 4:1.