Maрко Асенсио сака да го напушти Реал Мадрид.
Шпанските медиуми повторно пишуваат за незадоволството на Марко Асенсио кој смета дека нема да има минутажа доколку остане во Реал и тоа би можело да влијае на неговиот статус во репрезентацијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Луис Енрике има голема конкуренција на сите позиции и не е тајна дека Асенсио не беше редовен на списоците.
Доколоку остане во Реал на клупа како до сега, извесно е дека нема да добие повик за Мундијалот во Катар што секако е нешто кое не го посакува.
Поради тоа Жорж Мендеш се обидува да го пронајде најдобриот можен клуб за него до крајот на преодниот рок, а Реал нема да има ништо против да го продаде затоа што влегува во последната година од договорот.