Реал Мадрид бил спремен да го продаде Марко Асенсио во летниот преоден рок, но играчот ги одбил сите понуди.
Реал до последниот момент во преодниот рок се обидуваше да го донесе Килијан Мбапе, па поради тоа бил спремен да го продаде Асенсио.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека Асенсио не е задоволен од статусот кој го има во тимот, па сериозно размислува да го напушти клубот во јануари.
Најсилен интерес за Шпанецот покажува Милан, кој наводно уште во летниот преоден рок постигнал договор со Реал за негов трансфер.
Сега Асенсио сериозно размислува да ја прифати понудата на „росонерите“ и во јануари да се пресели во Серија А.