Дома Фудбал Англија Архитектот на шампионскиот тим си заминува од Ливерпул

Архитектот на шампионскиот тим си заминува од Ливерпул

Мајкл Едвардс ќе ја напушти функцијата спортски директор на Ливерпил на крајот од сезоната, потврди клубот од „Енфилд“.

Човекот, кој во претходните девет години работи на „Енфилд“ и изгради шампионски тим, соопшти дека на крајот на сезоната ќе ја напушти функцијата со објаснување дека му е потребен нов предизвик во кариерата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ми беше привилегија и чест да работам во овие успешни времиња за клубот. Секогаш ми беше план да останам најмногу 10 години во тимот. Ми беше убаво да работам тука, но верувам во промени. Мислам дека е вистинско време за такво нешто. Променивме многу работи во минатиот период“, истакна Едвардс.

Медиумите на Островот шпекулираат дека Едвардс веќе има договор со Њукасл, иако неколку европски клубови го сакаат во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Левандовски испиша историја📷

Барселона има водство по првото полувреме против Брест во Лигата на шампиони, а стрелец на…