Дома Фудбал Италија „Архитектот“ на шампионскиот Наполи се сели во Јувентус

„Архитектот“ на шампионскиот Наполи се сели во Јувентус

Спортскиот директор на Наполи, Кристиано Џинтуоли на крајот на сезоната ќе го напушти клубот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Џинтуоли сосема извесно ќе се пресели во Јувентус, кој е во потрага по нов спортски директор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Џунтоли е „архитект“ на овој шампионски тим на Наполи, кој го освои Скудетото после 33 години. Тој е најзаслужен за трансфери како Виктор Осимен, Квича Кварацхелија и Ким Мин Јае.

„Газета дело Спорт“ објави дека Џунтоли ги договорил условите со Јувентус и се согласил да потпише петгодишен договор со плата од 1,5 милиони евра по сезона.

Јувентус ќе мора да плати отштета за Џунтоли бидејќи тој имаше договор на уште една година со Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ретклиф одлучи кој ќе биде новиот тренер на Манчестер за следната сезона

Манчестер Јунајтед се соочува со многу проблеми, а во сабота на клупата на овој тим ќе деб…