Дома Топ вести Артета ја „краде“ големата желба на Барселона

Артета ја „краде“ големата желба на Барселона

Арсенал многу го засили тимот во летниот преоден рок и оваа сезона сигурно ќе биде еден од главните конкуренти за титулата во Премиер лигата.

Меѓутоа, тренерот Артета сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок и се очекува да испрати понуда од 60 милиони евра за Мартин Зубименди од Реал Сосиедад.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Арсенал сака да создаде моќен среден ред со Деклан Рајс и Зубименди, кои би биле од големо значење и за иднината на тимот.

Реал Сосиедад досега одбиваше понуди за 24-годишниот фудбалер, но англиските медиуми пишуваат дека понудата од 60 милиони тешко ќе можат да ја одбијат.

Зубименди е голема желба на Барселона, но Арсенал е спремен да ја победи конкуренцијата и работи на трансферот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…