Aрсенал вчера доживеа нов пораз овој пат во Лига Купот против бранителот на трофејот Манчестер Сити.
После натпреварот Артета кажа дека Сити ја казнил секоја нивна грешка, но потенцираше и дека „граѓаните“ постигнале гол од офсајд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ваков противник ја казнува секоја грешка. Имавме добри контранапади, но тие постигнаа гол од офсајд и на крајот се беше завршено со наш пораз. Тешко е да го согледаме натпреварот против ваков противник. Многу чудни работи ни се случуваат. Ние мораме да се свртиме бидејќи следните натпревари ќе ни ја одредат сезоната. Она што го видов е дека имам борци во екипата“, изјави Артета.
Арсенал сега е во серија од четири натпревари без победа во сите натпреварувања.