Тренерот на Арсенал, Микел Артета не го криеше задоволството од победата над Челзи и се надева дека ова ќе биде пресвртна точка во сезоната.
„Навистина голема победа за нас. Бевме многу разочарани од досегашните резултати, не толку од игрите. Нашите играчи страдаа, нашите навивачи страдаа. Нема ништо подобро од победа во лондонското дерби против Челзи на „Боксинг Деј“. Се надевам дека ова е пресвртна точка“, истакна Артета.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Знам дека фудбалерите можат да играат на ова ниво. Знаеме колку е добар Челзи, но бевме подобри во поголем дел од натпреварот. Повреди, коронавирус, играње со десет играчи. Можам да замислам колку беа разочарани навивачите досега. Започнавме добро и доминиравме. Ова влева доверба во тимот. Да продолжиме вака“, додаде Артета.
Арсенал после 15 одиграни кола се наоѓа на 14-то место на табелата.