Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека ќе биде активен во зимскиот трансфер пазар, но не размислува за разделба со Обамејанг.
„Ќе се обидеме да бидеме активни на пазарот за да видиме опции што можат да го засилат тимот. Тоа е и наша должност и ние ќе работиме на тоа. Моја должност е да дадам свое мислење за работите што можеме да ги направиме. Очигледно имаме тешки повреди, како онаа на Чемберс пред неколку дена. Тоа ќе ги промени нашите планови во одбраната, но реалноста во моментот е дека нема да можеме да направиме многу“, истакна Артета.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иако се шпекулираше дека Гранит Џака ќе си замине во јануари, Артета истакна дека го гледа швајцарскиот репрезентативец како клучна фигура за неговиот тим.
„Имав разговор со него и сакав да ги разберам неговите чувства. Прво, сакав да го разберам неговото расудување во врска со тоа зошто тој смета дека Арсенал можеби не е вистинското место за него. Му дадов мислење, моја гледна точка и му реков дека сум подготвен да го поддржам од клупска гледна точка и сакав соиграчите да му помогнат да се предомисли. Ние имаме потреба од него. Верувам дека ако можеме да го сториме тоа, навивачите ќе одговорат позитивно. Не мислам ниту на опција Обамејанг да го напушти клубот“, додаде шпанскиот тренер.