Дома Трансфер зона Артета: Го убедив Џака да остане!

Артета: Го убедив Џака да остане!

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека го убедил Гранит Џака да се премисли и да остане на „Емирати“.

Поранешниот капитен на „топџиите“ сакаше да си замине после проблемите што ги имаше со навивачите на тимот, што предизвика да му биде одземена капитенската лента.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Неговиот агент дури откри во декември дека Швајцарецот склучил договор со Херта Берлин, но новиот менаџер на Арсенал успеа да го убеди да остане.

„Прво сакав да дознаам како се чувствува и зошто се чувствува така. Сакав тој да го слушне моето мислење за него и дека сум подготвен да го поддржам, и да го натерам клубот да го поддржи и него, затоа што мислам дека тој навистина е многу добар фудбалер и тој може да ужива во својата игра под мое водство. Се обидов да го убедам. Тој размисли за тоа и ми даде многу позитивен одговор. Мислам дека се предомисли“, истакна Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…