Дома Фудбал Англија Арсенал ќе разговара со Вилшер

Арсенал ќе разговара со Вилшер

Лондонски Арсенал е спремен да му даде нова шанса на Џек Вилшер кој остана без клуб.

Поранешниот играч за врска на „топџиите“ е слободен играч откако му заврши договорот со Бурнемоут, а менаџерот Микел Артета истакна дека ќе разговара со него за плановите за во иднина.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Ќе разговараме со Џек да знаеме која е неговата цел. Тој е човек кој го обожаваат. Сакаме да му помогнеме на најдобар начин. Не би одел така далеку да зборувам дека ќе заигра повторно за Арсенал. Само можам да кажам дека ќе разговараме со него за да му помогнеме“; изјави Артета.

Вилшер за Артета играше од 2008 до 2018 година. Настапи на 197 натпревари и постигна 14 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тотенхем нуди најголема плата во клубот за ѕвездата од Премиер лигата!

Еден од фудбалерите на кои ќе биде ставен фокусот во јануари е Антоан Семењо, фудбалер кој…