Арсенал добро ја започна сезоната во Премиер лигата и Лигата на шампиони, но Арсен Венгер и понатаму бара засилување за нападот.
Венгер не е задоволен од настапите на Оливио Жиру, а Лукас Перез кој ова лето пристигн на „Емирати“ сеуште не ги оправда очекувањата.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Поради тоа Венгер бара засилување во нападот, а медиумите тврдат дека го пронашол во Серија А. Имено, Французинот е заинтересиран за ѕвездата на Милан и негов сонародник, Мбаје Нианг.
21-годишниот напаѓач игра одлично оваа сезона и е незаменлив во тимот на Монтела, но Венгер спрема понуда од 20 милиони евра во зимскиот преоден рок.
Сепак, тешко е да се поверува дека „росонерите“ ќе се одлучат да го продадат еден од своите најдобри поединци, особено не на средина од сезоната.